Децата кои примиле три дози на дитепер вакцината од понеделник може да одат во градинка

by Fokus

Од понеделник можат да одат во градинка децата кои во последните 6 месеци се вакцинирани со трета доза Дитепер. Оваа одлука на Комисијата за заразни болести, денекса ќе ја потпише и министерот за здравство Илир Демири.

„Сега ќе ја потпишам. Комисијата е составена од експерти кои носат праведни одлуки кои се во интерес на граѓаните и во интерес на спасување на животи“, изјави Демири.

Директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) Рената Младеновска, рече дека со министерот и со претседателот на Комисијата, д-р Александар Петличковски, се договориле денес да ѝ биде доставена новата одлука, со цел од понеделник во градинките да се вратат децата со примени 3 дози, или завршена примовакцинација.

Поврзани новости