Децата и сопружниците на функционерите од власта на СДС и ДУИ го полнат правосудството. Власта ги претвори судовите и обвинителствата дом за згрижување на семејствата на функционерите, реагираат од најголемата опозициска партија.
„Талат Џафери е на чело на Законодавниот дом, и прв во законодавната власт, а неговиот син Барлет Џафери станува нов јавен обвинител, шеф ќе му биде кадарот од ДУИ Исалм Абази, чија сопруга исто така станува јавен обвинител. Каде на друго место во Европа сопругот е шеф на Јавното обвинителство, а сопругата јавен обвинител вработена во негово време?
Нов обвинител е и ќерката на обвинителката за организиран криминал Гордана Смаќоска, Билјана Смаќоска, а нов судија Драган Јосифовски, син на обвинителката од СЈО, Елизабета Јосифовска. Власта на СДС и ДУИ не само што го партизираше правосудството, туку од него направи и дувло на непотизам“, се наведува во партиското соопштение.