Принцезата од Велс, Кејт Мидлтон, вчера се појави на Цветниот саем на Челзи, каде ја пречекаа голем број на собрани фанови и почитувачи на нејзината работа. Меѓу нив имало многу деца, кои се собрале околу принцезата.
Во еден момент решиле да и побараат автограм и на големо разочарување, Кејт Мидлтон ги одбила.
Децата тажно ја погледнале, а потоа прашаа зошто не сака да се потпише на хартијата.
Кејт објаснила дека тоа би било прекршување на кралскиот протокол и не смее да го прави тоа.
– Јас се викам Кетрин. Не смеам да си го пишувам потписот, тоа е само едно од тие правила – објавија People.
Сепак, 41-годишната сопруга на принцот Вилијам не сакала целосно да ги разочара децата, па наместо потпис, на децата им подарила нешто друго.
– Не можам да си го напишам името, но можам да цртам – им објаснила Мидлтон на децата.
Таа потоа нацртала неколку цртежи и им ги подарила на насобраните деца кои со задоволство добиле од принцезата нешто што е нејзино, автентично и наменето само за нив.
Инаку, Кејт во неколку наврати ги прекрши кралските протоколи, а еден за кој долго се зборува е кога застанала за непознат маж да направи селфи со неа.
Сепак, се чини дека овојпат принцезата размислила двапати пред да им се препушти на најмалите, за да не се најде повторно во неволја поради избрзани потези.