975
Наставникот Метуш Мемеди, кој предава во ОУ „Исмаил Ќемали“ веќе 12 години, денеска за време на маршот на учениците, порача дека загубата на 5 ученици од ова училиште за него е еден од најтешките настани.
„Два ученика беа од 9-то одделение, еден ученик во 8-мо, ученик 6-то одделение и мало девојче кое беше второ одделение. Бевме кај фамилијата. Многу беше тажно, не знам што да кажам. Луѓето плачат и дај Боже да помине само со плачење. Децата беа многу интелигентни, сакаа да се прошетаат во Истанбул“, вели Мемеди.