128
Деца залутале на Водно па побарале помош на бројот за итни случаи 112.
Според пријавата, деца залутале во пределот на Средно Водно. Тие сакале преку земјан пат побрзо да стигнат во градот, но се изгубиле, соопшти Центарот за управување со кризи.
Веднаш била известена полицијата и по релативно кусо децата се најдени во добра здравствена состојба и се превезени до нивните домови во Скопје.