Втора година по ред дечиња од фудбалскиот клуб во Неготино ФК Јанг бојс, извршија пошумување во околината на градот.
Како што информира Орце Ташев, еден од тренерите на младите фудбалери и иницијатор на акцијата за пошумување, викендов биле засадени над 40 садници.
-Успешно ја завршивме вонредната активност за пошумување на околината на Неготино и благодарни сме на општествено одговорните компании кои не поддржаа. Ќе ги спомнеме Дуки Дасо, Грин Гарден Неготино, Либерта, како и голема благодарност до ЈП Комуналец од Неготино, кој помогна околу реализацијата на активноста –вели Ташев.
Идејата за пошумувањето ја добиле со цел на децата да им се вроди нова насока на размислување, љубов кон природата и грижа за околината.
Минатата година, кога акцијата се одржа за првпат, се пошуми дел околу спортската сала во градот. Планирано е пошумувањето да стане традиција и секоја гоидна да се раззеленува нова област во општината.
Вики Клинчарова