537
Детектиран е еден случај на флурон (комбинирана инфекција со вирусот на грип и корона вирусот) кај 26-годишен пациент од Општина Зајас, соопшти Министерството за здравство.
Според епидемиолошката анкета, пациентот со коинфекција Ковид19/Инфлуенца А, непосредно пред 31.12.2021 година се вратил од САД и според неговите кажувања таму примил вакцина за Ковид-19, односно се ревакцинирал неколку дена пред да пристигне во земјава.
– Пациентот е упатен на домашно лекување, бидејќи засега нема тешка клиничка слика, посочуваат од Министерството