Дете загина во регионот Доњецк во руски напад со касетна муниција

by Fokus

Руските сили ја нападнаа Костјантиновка во регионот на Доњецк со касетна муниција, при што загина едно дете, а повредени се најмалку шест лица, меѓу кои уште три деца, соопшти синоќа гувернерот Павло Кириленко.

„Во понеделникот околу 19 часот, Русите отворија оган додека луѓето се одмараа на плажата“, напиша Кириленко на Телеграм.

Според гувернерот, Русија користела повеќецевни ракетни системи Смерч со касетна муниција во нападот врз цивилите, пишува „Киев Индипендент“.

Поврзани новости