Дете загина при палење огномет во Холандија

by fokus

Дете на возраст од 12 години загина, а друго е тешко повредено при палење огномет во источниот дел на Холандија, соопштија од холандската полиција нагласувајќи дека несреќата се случила и покрај тоа што има забрана за употреба на пиротехнички средства.

Трагедијата се случила со оглед дека децата од блиску гледале возрасно лице како го пука огнометот со помош на аматерска направа од домашна изработка.

Холандската полиција се огласи и на „Твитер“ каде ја наведе информацијата за смртта на 12-годишното дете и тешката повреда на друго дете, а исто така, соопшти и дека уапсиле едно возрасно лице.

Пуштањето огномети од улиците и градините, е популарна пракса кај Холанѓаните за Нова година, но тамошната влада уште во ноември порача дека и за оваа како и за минатата новогодишна ноќ, традиционалните огномети ќе бидат забранети со цел да не ги оптоваруваат болниците заради евентуални повреди од пиротехничките средства.

Забраната која ја воведе холандската влада се однесува на граѓаните, додека на општините и градските управи им беше дозволено да користат огномет, но исклучиво ако ангажираат експерти за пиротехника.

Поврзани новости