Дете со сложена состојба од Детската клиника пренесено на лекување во болница во Џенова

by fokus
Специјален медицински тим од Институтот “Џанина Џаслини” од Џенова – Италија, денеска од Универзитетската клиника за детски болести изврши транспорт на дете со сложена клиничка слика во болницата во Италија.
Директорката на Клиниката Аспазија Софијанова, целиот медицински тим од одделението за интензивна нега и лекување, од одделението за гастроентеропатија и онколошкото одделение го подготвија малиот јунак за нов животен предизвик. Пред половина час авионот  безбедно слета во Џенова.
Андреа Москатели, директорот на неонатолошката болница ” Џанина Џаслини” и на одделението за интензивна нега, е лекарот кој ќе го носи нашето дете во болницата во Италија. Тој вели дека се радува што може да помогне и дека е воодушевен од професионалноста на македонските лекари од Клиниката за детски болести.
– Соработката е многу важна, да учиме едни од други, на крајот е денот децата се најважни, вели лекарот Москатели.

Поврзани новости