Дете со изгореници донесено во болница, се повредило од пиротехнички средства

by Fokus

На 02.02.2025 во 16.00 часот во СВР Скопје, од Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив со повреди и изгореници бил донесен малолетник од Скопје.

Извршен бил службен разговор со неговата мајка Ш.Л.(45), која појаснила дека додека била дома, слушнала експлозија по што излегла надвор и го забележала синот со изгореници по телото.

Увид на местото извршиле полициски службеници при СВР Скопје, при што пронашле пиротехнички средства.

Поврзани новости