840
Во скопската населба Дебар Маало, во близина на влезот на основното училиште „Коле Неделковски“, синоќа паднало дрво кое лесно повредило дете и оштетило паркиран автомобил.
Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, за „360 степени“ вели дека детето има само гребаници, а се наоѓало во близина на автомобилот врз кој падна дрвото.
-Дрвото паднало само од себе. Било со зелени гранки, но со исушени корени, практично, без корени. Паднало и оштетило едно возило. Дојде полиција и направи записник. Ќе треба да се плати отштета за автомобилот. Детенцето било малку изгребано, тоа било во близина на автомобилот, вели Богдановиќ.