Дете почина откако голтнало лампион во градинка во Ниш

by Фокус

Трагедија се случи во Ниш. Како што јавуваат српските медиуми, 4-годишно дете во понеделникот било итно пренесено во Брза Помош од градинката „Пчелка“ каде се случувала вистинска драма.

Детето голтнало лампион кој го земало од новогодишната елка во градинката. Заглавено му било во душникот, а учителките веднаш викнале Брза Помош. Во амбулантното возило детето веќе паднало во бесознание.

Малиот лампион му била брзо извадена од душникот, ставен е на интензивна нега, но и покрај сите медицински напори, детето починало.

Поврзани новости