4
Петгодишно дете кое вчера падна од четврти кат на зграда во Сараево, почина во Клиничкиот центар на Универзитетот во Сараево, јавува Klix.ba.
Несреќата се случи околу 17.20 часот кога детето паднало од балкон. Тоа итно е пренесена во болница, но неколку часа подоцна почина од тешките повреди.
„Во 20 часот и 40 минути, за жал, и покрај напорите на лекарите, во КЦУС е констатирана смрт на дете родено 2020 година, кое падна од балкон на четврти кат од зграда на улицата Ступска“, потврдија од МВР на кантонот Сараево.
Истрагата ја води обвинителот на Кантоналното обвинителство на Кантонот Сараево, а ја спроведуваат полициски службеници на Полициската управа на МВР.