7
Дете (една ипол година) денеска околу 16 часот паднало од четврти кат од зграда во српскиот град Нови Пазар.
Како што пренесуваат српските медиуми, детето паднало врз тендата под зградата што му го спасило животот, но тоа сепак е во тешка состојба и лекарите се борат за неговиот живот.
Инцидентот се случил во населбата Оаза во Нови Пазар, а околностите за несреќата засега не се познати.
Жена која била сведок на настанот е шокирана.
– Бев во кафуле на приземје од зградата, мислев дека некој фрлил жолта кеса од терасата, кога го видов детето не можев да поверувам – изјавила таа.
Полицијата веднаш излегла на терен и врши увид за да се утврди што довело до овој трагичен инцидент.