644
Регистриран е првиот случај на дете од градинка кое е заразено со Ковид 19, објави телевизија Сител.
Информацијата за заразено дете од скопска градинка за телевизијата ја потврдиле и од Министерството за труд и социјална политика.
Родителите позитивниот тест го добиле вчера, а утринава во градинката согласно протоколите, бил направен и епидемиолошки надзор.
Во изолација ќе оди групата кај што било детето.