847
Дете на 15 години е прва жртва на земјотресите во Загреб, потврдиле за хрватската новинска агенција ХИНА од Заводот за итна медицина, пренесува Индекс.хр .
-Добивме повик дека се урнала зграда. Екипа на итната помош излезе на терен и најде тешко повредено дете кое веќе не покажуваше знаци на живот, изјави Жарко Рашиќ, директор на Завод за итна медицина.
Детето е пренесено во Клиниката за детски болести, таму е и потврдена смртта.