88
Четиригодишно дете паднало во казан со гулаш вчера во Србија. Се се случило за време на „гулашијада“ во војводинското село Баранда.
Детето по брзата реакција на полицијата било извлечено од казанот и било префрлено во болница во Белград.
Според неофицијални информации, детето е на интензивна нега и е надвор од животна опасност.
Нова.рс пишува дека до несреќата дошло кога дете кое возело велосипед удрило во дрвен столб кој го оградил просторот каде што се варел гулашот и се одржувал собирот.
Од силината на ударот детето паднало во казанот.