Детално метео: Стабилно, суво и релативно студено време

by fokus

Нашата територија веќе се наоѓа под влијание на стабилна, сува но релативно студена воздушна маса (антициклон) кој понатаму ќе услови да имаме стабилно и суво време, без никакви врнежи.

За време на новогодишната ноќ ќе имаме ведро и студено време со умерена локална облачност, температурите ќе се движат во интервалот од -6 до 0 степени. На повисоките и планинските места ќе биде уште постудено.

Времето и понатаму во следните неколку денови ќе биде сончево, повремено со мала умерена локална облачност. Денес ќе дува слаб до умерен ветер од северен и од северозападен правец, особено Долж Повардарието и на југоисток. Утре пак повторно ветерот ќе засилува на интензитет и на некои места ќе биде умерен до засилен по интензитет.

Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот претежно од 1 до 9 степени. Наутро понекаде истите ќе се спуштаат и до околу -10 степени, особено на повисоките и планинските места.

Подготви: Славчо Попоски

Поврзани новости