Денес, како и во наредните неколку денови нашата територија ќе биде под влијание на стабилна, сува и релативно топла воздушна маса од југ. Истата ќе условува натпросечно високи температури на воздухот, особено високи ќе бидат максималните дневни температури кој ќе бидат повисоки од просечните дури за пет до десет степени.
Времето ќе биде сончево, повремено со мала до умерена локална а во недела и во понеделник локално и позначителна облачност, ќе дува и слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималните температури на воздухот, сеуште понекаде ќе се спуштаат не многу под нулата.
Максималните дневни пак на многу места овие денови ќе се искачуваат над 10 степени, во најтоплите предели од државава истите се очекува да се искачат дури и над 15 степени, односно некаде до околу 18 степени.
Подготви: Славчо Попоски