Продолжува периодот на стабилно, суво и сончево време без врнежи, повремено со мала до умерена локална облачност. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 11 степени. Наутро се уште ќе биде особено студено па така претежно на повисоките места и планините температурите се очекува да се спуштаат до околу -10 степени.
Потопло ќе биде за време на викендот и тоа особено во сабота, максималните температури тогаш ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 13 степени. Повторно пад на температурите ќе имаме во недела кога ќе има и зголемена облачноста, ќе започне да дува и умерен до засилен ветер од северен правец. Во недела се очекуваат и повремени врнежи на повеќе места и тоа од снег на повисоките места и на планините, додека понекаде на пониските места ќе има услови за врнежи од дожд и снег. Услови зa снег ќе има и на некои од пониските места. Врнежите ќе бидат со слаб до умерен, понекаде со умерен интензитет.
Во недела максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 0 до 7 степени. Потоа на почетокот од следната недела како и за Божик, најновите анализи укажуваат на тоа дека ќе имаме стабилно и суво време без врнежи, што значи врнежите коие се цртаа за Божиќните празници во изминатата метео анализа сега се укинати.
Подготви: Славчо Попоски