Детално метео: Стабилен, сув и студен Божик

by Fokus

До крајот на денов времето во државава ќе се задржи променливо облачно со сончеви периоди, локално истите има услови да бидат и подолги. Ќе дува засилен ветер од северен правец, има услови и за сосема слабо и локално провејување на снег.

Маскималните температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од -2 до 8 степени во најтоплите предели на државава. Потоа на првиот ден од Христовото раѓање – Божиk, ќе имаме стабилно, суво и сончево време со мала локална облачност. Ќе дува умерен, Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 0 до 8 степени, наутро понекаде истите ќе се спуштаат и до околу -10 степени. На повисоките и планинските места и под -10 степени. Потоа и во следните неколку денови следува периодот на стабилно и суво време без врнежи, но со релативно ниски температури на воздухот наутро. Максималните дневни температури пак ќе бележат тенденција на незначителен пораст.

Подготви: Славчо Попоски

Поврзани новости