Детално метео: Следува постабилно и ветровито време, во среда нови локални врнежи

by Fokus

До крајот на денов во нашата држава времето ќе биде променливо облачно и ветровито со сончеви периоди кој понакеде ќе бидат и подолги. Локално ќе има услови за сосема краткотраен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен, понекаде повремено и СИЛЕН ветер (над 70 км/час) и од северен правец. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 14 до 22 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди кој повремено ќе бидат и подолги. Ќе дува засилен ветер од северен правец, максималната дневна температура на воздухот се очекува да се искачи до околу 18 степени.

Потоа во следните денови времето ќе биде постабилно, исклучок ќе биде среда кога повторно ќе има повремени локални врнежи од дожд. До вторник температурите ќе бидат во пораст и истите ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 25 степени, особено во вторник кога ќе биде и најтопло. Во среда поради продор на постуден воздух од север температурите ќе бележат тенденција на пад, сето ова ќе биде проследено со засилен ветер од северен правец а покрај локалните врнежи од дожд, на високите планини ќе има услови и за провејување на снег. Потоа од четврток па натаму температурите на воздухот повторно ќе бележат тенденција на постепен пораст.

Подготви: Славчо Попоски

Поврзани новости