Детално метео: Следува ИНЕС – циклон кој носи дожд,снег и снежна покривка

by fokus

Денес доцна попладне и навечер, нашата територија ќе подпадне под влијание на циклонот ИНЕС. Облачноста ќе зе зголемува а ќе започне да дува и засилен ветер, најпрвин од југозападен правец. Во вечерните часови како и во текот на ноќта, од север и северозапад ќе започнат врнежи од дожд.

Поради продор на многу постуден воздух од север во текот на денешната ноќ, врнежите од дожд ќе започнат да поминуваат во снег како на повисоките и планинските места, така и на некои пониски места со што ќе дојде до формирање на нова снежна покривка. Сето ова ќе биде проследено со засилен до СИЛЕН ветер од северен и од северозападен правец (на некои места со брзина од над 90 км/час). Врнежите претежно од снег ќе продолжат и утре на повеќе места, во југоисточните предели ќе има услови за врнежи од дожд и од снег.

Температурите на воздухот ќе бележат тенденција на големо опаѓање и од утре ќе се искачуваат во интервалот од -3 до 6, 7 степени во најтоплите предели од државава. Минималните температури пак понекаде ќе се спуштаат и под -10 степени во следниот период.

НАПОМЕНА: Поради засилениот ветер од северен и од северозападен правец, температурите на воздухот ќе се чувствуваат како да се пониски од реално измерените. Исто така возачите да бидат КРАЈНО ПРЕТПАЗЛИВИ поради очекуваните врнежи од снег, особено доколку се движат низ планинските превои.

Подготви: Славчо Попоски

Поврзани новости