Детално метео: Следува дестабилизација на временската состојба

by Фокус
Денес попладне, како и утре (вторник) ќе има зголемена облачност а локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално има услови процесите да бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и застапени во форма на НЕВРЕМЕ проследено со град. Максималните дневни температури денес ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 31 степен.
И во Скопје и околината попладнево и во текот на утрешниот ден ќе има услови за локална нестабилност, максималната дневна температура ќе се искачи до околу 30 степени.
Потоа во следните неколку денови ќе биде нешто посвежо со максимални дневни температури кој ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 28 степени, во најтоплите предели истите има услови да се искачат до околу 30, 31 степен. Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди а ќе има услови и за слаб локален дожд.
Значително посвежо ќе биде во четврток кога максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 25 степени.
Подготви: Славчо Попоски

Поврзани новости