До крајот на денов времето во нашата држава ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со повремен локален дожд. Во попладневните часови локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилување на ветерот и услови за ретка појава на град. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од западен и од југозападен правец, максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 25 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со услови за локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен ветер од западен и од југозападен правец и истиот повремено ќе засилува. Максималната дневна температура се очекува да се искачи до околу 23 степени.
Потоа во следните денови ќе се задржи променливо облачно време со сончеви периоди а ќе дува и умерен, повремено засилен ветер претежно од западен правец. Особено во попладневните часови ќе има услови за локален дожд и услови за ретка појава на грмежи.
Што се однесува пак до температурите, истите за време на викендот ќе бидат за само неколку степени пониски во однос на сегашните, исто така и условите за врнежи и за нестабилност за викендот, и тоа особено во сабота ќе бидат поголеми.
Подготви: Славчо Попоски