Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд, особено од пладневните часови па натаму, ќе има услови и за локална нестабилност проследена со поретка појава на грмежи. Ќе дува умерен ветер најпрвин од јужен и од југоисточен правец и истиот на некои места повремено ќе засилува, попладне ветерот ќе биде од променлив интензитет. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 29 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со услови за локален краткотраен дожд и ретки грмежи, особено попладне. Ќе дува слаб до умерен ветер од порменлив правец, истиот повремено ќе засилува. Максималната дневна температура ќе се искачи до околу 27 степени.
Потоа во следните денови, односно во четврток ќе се задржи променливо облачно време со услови за локален дожд и услови за ретка појава на грмежи. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 30 степени, нешто повисоки температури ќе имаме во петок кога ќе биде и постабилно, максималните дневни температури тогаш ќе се искауваат во интервалот од 25 до 32 степени.
Поголем влажен бран нашата држава ќе ја зафати во сабота и ќе услови поинтензивни врнежи од дожд, грмежи и засилен јужен и југозападен ветер.
Подготви: Славчо Попоски