671
Денес, како и за време на викендот под влијание на стабилна, сува и топла воздушна маса од југ, времето во државава ќе биде сончево и топло со мала локална облачност.
Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец додека температурите на воздухот ќе се исклачуваат во интервалот од 29 до 36, 37 степени, особено за време на викендот.
Нова дестабилизација на времето ќе има на почетокот од следната недела кога ќе има локална појава на пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за локална појава на град, и тоа особено во понеделник и во вторник.
Подготви: Славчо Попоски