Детално метео: Продолжува променливото време

by fokus
До крајот на денов времето во државава ќе биде променливо облачно. На повеќе места ќе има повремени врнежи од дожд додека на планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер и тоа долж Повардарието од југоисточен, во останатите предели претежно од источен и од североисточен правец. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 17 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, максималната дневна температура се очекува да се искачи до околу 14 степени. Потоа утре се уште ќе имаме променливо облачно време со услови за слаби локални врнежи од дожд.
Повеќе сончеви периоди ќе има од петок додека температурите на воздухот ќе бележат тенденција на пораст. За време на викендот повторно максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 23 степени во сабота, и од 17 до 25 во недела.
Подготви: Славчо Попоски

Поврзани новости