Детално метео: Продолжува нестабилното време

by fokus

Денеска, како и во следните неколку денови, односно до четврток во претпладневните часови времето ќе биде сончево со умерена локална облачност, додека од пладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално не се исклучува можноста и за појава на НЕВРЕМЕ со град. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 33, 34 степени. И во Скопје и околината до четврток ќе има услови за локална нестабилност, особено од пладневните часови па натаму проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Максималната дневна температура овие денови ќе се искачува до околу 31, 32 степени. Постабилна атосфера се очекува од петок.

Подготви: Славчо Попоски

Поврзани новости