Детално метео: Продолжува нестабилното време

by fokus

Во текот на денешниот ден времето во нашата држава ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, во текот на попладневните часови ќе биде нестабилно со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец, истиот особено долж Повардарието повремено ќе засилува.

Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 29 степени. Во Скопје и околината времето ќе биде променливо оболачно со сончеви периоди, попладне ќе има услови за локален пороен дожд и грмежи а ќе дува и слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура на воздухот се очекува да се искачи до околу 27 степени.

Потоа и во следните неколку денови ќе се задржи доста нестабилното време со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. Не се исклучува можноста и за локална појава на град. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот претежно од 23 до 31 степен.

Подготви: Славчо Попоски

Поврзани новости