Во поголемиот дел од оваа недела, нашата територија ќе се наоѓа во поле на висок воздушен притиок (антициклон), и на стабилна и сува воздушна маса. Времето ќе биде претежно сончево, повремено со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец, во четврток истиот, особено долж Повардарието ќе биде со засилен интензитет.
Минималните температури на воздухот и понатаму на повеќе места ќе се спуштаат под нулата. Максималните дневни пак ќе бележат тенденција на незначителен пораст и некаде на средината од оваа недела ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 12 степени.
За време на викендот пак облачноста ќе се зголемува, ќе има и повремени врнежи од дожд на повеќе места, на повисоките планини врнежите ќе бидат од снег.
Подготви: Славчо Попоски