1K
Денес времето во нашата држава ќе биде сончево и топло со слаб до умерен ветер од јужен и од југоисточен правец. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 35 степени.
Во Скопје и околина времето ќе биде сончево и топло со мала до уо умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец, максималната дневна температура ќе се искачи до околу 33 степени.
Потоа доста нестабилно време со честа појава на врнежи и грмежи ќе биде кон средината на оваа недела, тогаш ќе има услови и за локало невреме проследено со силен ветер, електрични празнења и со појава на град. Исто така и температурите на воздухот кон средината на неделава ќе бидат во тенденција на опаѓање.
Подготви: Славчо Попоски