Денес времето во нашата држава ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Особено Долж Повардарието ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, попладне во планинските места ќе има услови за ретка појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 35 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, максималната дневна температура ќе се искачи до околу 32 степени.
Во текот на следните денови, нашата територија ќе подпадне под влијание на многу топла воздушна маса од југ и истата ќе услови многу високи температури на воздухот. Особено топло ќе биде од среда кога максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 32 до 40 степени а времето ќе сончево со слаб до умерен ветер од променлив правец, во петок, како и за време на викендот во попладневните часови ќе има услови за локална нестабилност.
УВ ИНДЕКСОТ ќе има ЕКСТРЕМНА вредност и ќе има коефициент измеѓу 9 и 10 па затоа граѓаните со себе ЗАДОЛЖИТЕЛНО со себе да понесат заштитна опремна (капа и наочари за сонце).
Подготви: Славчо Попоски