Детално метео: Денес попладне и навечер локално дестабилизирање на атмосферата – можно НЕВРЕМЕ

by Фокус

Денес времето во нашата држава во претпладневните часови ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Во попладневните и во вечерните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално ќе има услови за појава на НЕВРЕМЕ со град, електрични празнења и силен ветер. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 35 степени.

Во Скопје во попладневните и во вечерните часови ќе има услови за локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе се искачи до околу 32 степени.

Нестабилно ќе биде и утре, особено попладне и навечер со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и во форма на НЕВРЕМЕ проследенсо со пообилен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град.

Потоа од среда атмсоферата ќе биде значително постабилна, иако во попладневните часови во планинските места има услови за сосема ретка појава на краткотраен дожд. Максималните дневни температури и понатаму ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 35, 36 степени.

Подготви: Славчо Попоски

Поврзани новости