Денес времето во Македонија ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од променлив правец. Максималните температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 32 до 39 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и многу топло со слаб ветер од променлив правец. Максималната температура на воздухот ќе се искачи до околу 36 степени.
Потоа максимални температури од 30 до 37 степени се очекуваат и утре, додека во среда ќе биде малку посвежо кога максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 35 степени. Во попладневните часови ќе има услови за ретка и изолирана појава на нестабилност, на повеќе места нестабилно со пороен дожд и грмежи се очекува во четврток а ќе дува и слаб до умерен ветер од променлив правец, кој повремено ќе засилува.
Подготви: Славчо Попоски