Детална временска прогноза: Циклонот ИНЕС ја враќа зимата и снегот

by fokus

По пролетното време кое услови невообичаено високи температури за овој дел од годината и во Гевгелија истите се искачија до 21°C, од денес под влијание на многу постуден воздух од север кој е цо склоп со циклонот ИНЕС, не очекува вистинско зимско време, типично за овој дел од годината. Времето до крајот на денов ќе биде претежно облачно, на повеќе места со повремени врнежи претежно од снег, во централните и во југоисточните предели ќе има врнежи од дожд и од снег а ќе дува и засилен, повремено СИЛЕН ветер од северен и од северозападен правец (над 80 км/час).

На повеќе пониски места ќе се формира тенка снежна покривка, исклучок ќе бидат западните предели каде на некои места ќе се формира снежна покривка од 10 до 20 сантиметри, на планинските места и над 20 сантиметри. Потоа од четврток следува период на постабилно и студено време, сепак не се исклучува можноста за сосема слабо и локално провејување на снег. До петок ќе продолжи да дува умерен, на некои места засилен ветер од северен правец. Минималните температури на воздухот, понатаму насекаде ќе бидат негативни и понекаде ќе се спуштаат под -10 степени.

Максималните температури, исто така ќе бидат ниски и најстудено ќе биде во четврток кога истите ќе се спуштаат во интервалот само од -4 до 6 степени во најтоплите предели од државава, на повисоките и планинските места ќе биде уште постудено.

НАПОМЕНА: Поради ниските температури понатаму ќе има појава на голомразица, токму поради ова на возачите им препорачуваме да бидат КРАЈНО ВНИМАТЕЛНИ.

Подготви: Славчо Попоски

Поврзани новости