Во текот на денешното претпладне ќе има повеќе сончеви периоди. Попладне ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд а ќе има услови и за локална појава на грмежи. Ќе дува умерен, особено Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец, максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 25 степени.
Во Скопје и околината во текот на претпладнево ќе има повеќе сончеви периоди, попладне ќе биде порменливо облачно а ќе има услови и за локален краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Максималната дневна температура се очекува да се искачи до околу 21 степен. Потоа утре и во четврток атмосферата ќе биде постабилна, иако има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. Што се однесува до температурите на воздухот, истите поради продор на потопла воздушна маса од југ ќе бидат во пораст, особено од четврток. Утре максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 25 степени, додека во четврток од 21 до 28 степени.
Според моменталните и најнови анализи со кој располагаме, во петок, особено во попладневните и во вечерните часови нашата територија ќе биде зафатена од влажен воздушен бран од запад кој ќе услови врнежи од дожд во поголем дел од државава. Исто така ќе има услови и за локална појава на грмежи а ќе дува и умерен до засилен ветер претежно од јужен правец.
Подготви: Славчо Попоски