Детална метео анализа за првиот ден од 2020 година, првични информации и за Божик

by Fokus

На првиот ден од новата 2010 година, времето во државава ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, Долж Повардарието и во југоисточните предели ЗАСИЛЕН ветер претежно од северен правец.

Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 9 степени. Потоа во следните неколку денови, односно некаде до сабота ќе продолжи периодот на стабилно и суво време без врнежи. Времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. По одделни котлини наутро ќе има услови за појава на магла и на ниска облачност.

Минималните температури понекаде ќе се спуштаат и до околу -6, -7 степени, на повисоките и планинските места и до околу -10 степени. Максималните дневни температури пак ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 10 степени, за време на викендот во најтоплите региони од државава истите можно е да се искачат и малку над 10 степени.

Одсега гледано од недела, па за Божикните празници кај нас се очекува промена на временската состојба и врнежи од дожд и снег, провејување на снег е можно понекаде и на пониските места, сепак информациите за Божик се многу неофицијални и првични, што значи промени во прогнозата и тоа како се можни понатаму. Детална анализа на времето и тоа само за Божик следува наскоро.

Подготви: Славчо Попоски

 

Поврзани новости