Детална метео анализа: Локални врнежи, па стабилизирање на времето

by fokus

До крајот на денов во државава ќе се задржи променливото време со повремен локален дожд, на планините врнежите ќе бидат од снег а ќе дува и умерен, на некои места до засилен ветер од југозападен и западен правец. Не некои места брзината на ветерот ќе достигнува над 70 км/час, максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 15 степени.

Во текот на ноќта како и утре изутрина и рано претпладне, услови за локално провејување на снег ќе има и на местата со помала надморска височина, особено во северната половина од државава. Потоа од утре попладне следува период на претежно стабилно и суво време, без никакви врнежи. Температурите на воздухот утре ќе бележат тенденција на не многу голем пад и ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 13 степени во најтоплите предели од државава.

- Advertisements -

Понатаму во следниот период, максималните дневни температури на воздухот повторно ќе бидат над просекот за овој дел од годината, што значи истите ќе бележат тенденција на повторен пораст.

Подготви: Славчо Попоски

Поврзани новости