Детали за вчерашната тешка сообраќајка кај Лакавица

by Fokus

На 30.07.2019 година во 14,35 часот било пријавено дека на магистралниот пат Штип–Радовиш, кај село Лакавица се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно моторно возило влекач со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.Д.(37) од Велес, и патничко моторно возило „голф“ со радовишки регистарски ознаки управувано од Ж.К.(46) од с.Ињево-Радовиш.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи, како и сопатниците од возило „голф“ С.К.(19), Ј.К.(41) и биле пренесени во Клиничката болница Штип за укажување на лекарска помош. МВР денеска соопшти дека извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Штип и се работи на расчистување на случајот.

Поврзани новости