Грција се уште е во шок од вчера кога телото на девојчето Василика Николопулу (11) беше пронајдено во нива во областа Елис.
Нејзиниот чичко (37) кој претходно бил осуден за силување малолетничка (14) е осомничен за убиство.
На рочиштето тој го признал делото и открил како дошло до тоа.
Според информациите на „newsit.gr“, осомничениот рекол дека сакал да има секс со внуката, а кога таа одбила и му се заканила дека ќе им каже на родителите за неговите намери, тој ја нападнал и ја убил со шрафцигер што го имал во автомобилот.
Полицијата смета дека осомничениот се исплашил од одење во затвор бидејќи веќе е осуден за силување, па решил засекогаш да ја замолчи својата внука. Што се однесува до оружјето со кое го извршил делото, рече дека го фрлил во мочуриштето.
Полицијата која го пронашла телото на девојчето во нива по признанието на чичкото на жртвата затекнала грозоморна сцена.
Дури и искусните полицајци биле згрозени, велат дека телото на девојчето било облеано во крв до таа мера што ниту патологот на лице место не можел да утврди колкупати била прободена со шрафцигер.
Покрај раната на вратот, таа имала и бројни рани на рацете, бидејќи според полицијата, се работи за одбранбени рани што укажува дека девојката до последен здив се борела за живот.
Само обдукцијата ќе утврди дали убиецот, кој веќе беше осуден за силување на 14-годишно девојче во 2017 година и осуден на 9 години затвор во 2020 година, иако сè уште бил на слобода со ограничување и обврска да се пријавува во полиција, ја силувал роднината или го извршил убиството пред да има време да го спроведе својот болен план.
Кога осомничениот бил донесен во полициска станица, за малку ќе бил линчуван и полицијата едвај успеала да го спаси од разгневената толпа која дошла да се пресмета со него.