Детали за трагедијта во Русија: Се подготвувале за прв падобрански скок

by fokus

Во авионот Л-410, кој денеска се урна во рускиот регион Татарстан, имало 22 лица, од кои 20 падобранци и двајца пилоти, јавува vesti.ru, повикувајќи се на државната радио-телевизија на Татарстан. Таа ги објави и имињата на патниците во леталото. Дел од нив, го планирале првиот скок.

Очевидци тврдат дека авионот не успеал да достигне соодветна висина веднаш по полетувањето и дека летал ниско над област со дрвја. Подоцна, додека се обидувал да слета, удрил во стеблата, по што се преполовил. Авионот бил во сопственост на локален летечки клуб.

Спасувачите успеале да извлечат шестмина кои покажувале знаци на живот, иако првично беше соопштено дека извлекле седуммина. Според последните информации, во несреќата загинале 16 лица.

Поврзани новости