Детали за пожарот во Дебрца: Изгоре 77-годишна жена, а нејзината сестра е тешко повредена

by Fokus

Жена на 77-годишна возраст го загуби животот во пожар што избувна во нејзината куќа утрото во село Требеништа, општина Дебрца.

Според информациите од МВР, во моментот на пожарот, во куќата биле нејзиниот сопруг и нејзината сестра, која се здобила со тешки повреди и била итно пренесена во болницата во Охрид.

„На 10.11.2023 година во СВР Охрид е пријавено дека во куќа во селото Требеништа, општина Дебрца, сопственост на Б.Н.(77) од истото село, настанал пожар, во кој таа го загубила животот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Според пријавеното, во куќата се наоѓале и нејзиниот сопруг Б.Т.(79) и нејзината сестра Б.Н.(70), која се здобила со повреди, по што со возило на Итна медицинска помош е пренесена во Општата болница во Охрид“ соопшти МВР.

Во гаснење на пожарот интервенирала Територијалната противпожарна единица од Охрид, а увид на местото извршила увидна екипа предводена од јавен обвинител.

Поврзани новости