Детали за пожарот кај МВР

by Fokus

Полициско возило „пинц гауер“ денеска се запали на бензинската пумпа во кругот на Министерството за внатрешни работи.

Како што соопшти МВР, од засега непознати причини во делот кај бензинската пумпа дошло до опожарување на полициското возило.

„Денеска во 10,00 ч. во кругот на Министерството за внатрешни работи во делот кај бензинската пумпа од засега непознати причини дошло до опожарување на полициско возило „Пинц Гауер“ . Од страна на УПС и БППЗ пожарот е изгаснат“, велат од МВР.

Поврзани новости