Детали за повредените работници во Куманово: Обвинител врши увид на местото

by fokus

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово заедно со екипи од крим-техника при Министерството за внатрешни работи и вешти лица вршат увид на локација на улиците „Васко Карангелевски“ и „АВНОЈ“ во Куманово, каде што претпладнево, при изведување градежни работи, беа повредени десет градежни работници, информираат од Обвинителство.

„Според првичните сознанија, осуммина работници во несреќата се здобиле со полесни повреди и се пуштени на домашно лекување, додека двајца, поради сериозноста на повредите, се префрлени во Ургентниот центар на скопските клиники.

По наредба на јавниот обвинител, локацијата е обезбедена и се работи на прибирање и вештачење на сите траги кои можат да помогнат за утврдување на причините за несреќата“, додаваат од ОЈО.

Поврзани новости