Детали за нападот во Нотингем каде маж газеше луѓе со камион

by Fokus

Универзитетот во Нотингем соопшти дека двајца од тројцата убиени во нападите биле нивни студенти.

– Со голема тага ја потврдуваме ненадејната и неочекувана смрт на двајца наши студенти по големиот инцидент во центарот на Нотингем во текот на ноќта. Шокирани сме и уништени од веста и нашите мисли се со погодените, нивните семејства и пријатели. Знаеме дека ова веројатно ќе предизвика проблеми за персоналот и студентите во нашата заедница – се вели во соопштението на универзитетот.

Британската полиција соопшти дека се уште го утврдува мотивот за нападот во кој маж во вторникот прегази со камион неколку лица во англискиот град Нотингем, при што уби тројца, а рани уште тројца.

Детективите рекоа дека се обидуваат да откријат што го мотивирало напаѓачот да тргне во смртоносна треска што започнала малку пред 4 часот наутро. Оттаму додаваат дека на случајот работи и антитерористичката служба и појаснија дека тоа е нормална процедура.

Триесет и едногодишен маж е уапсен под сомнение дека го извршил убиството, а детективите нагласиле дека не бараат никој друг. Полицијата соопшти дека две лица биле пронајдени мртви на пат во центарот на градот нешто по 4 часот наутро, пред полицајците да бидат известени за друг инцидент веднаш надвор од градот кога комбе се обидело да прегази три лица. Тие се префрлени на лекување во болница.

Уште еден маж бил пронајден мртов на пат пред центарот на градот.

– Ова е страшен и трагичен инцидент кој ги однесе животите на три лица – изјави претходно началникот на полицијата Кејт Мајнел.

Поврзани новости