Оваа година по 15-ти јубилеен пат, во организација на Град Скопје и ЈУ „Универзална сала“ – Скопје, се одржува културната манифестација „Бела ноќ“.
За таа цел, распишан е отворен јавен повик, на кој заинтересираните уметници до 6-ти септември ќе можат да се пријавуваат и со тоа, да бидат дел од овогодинешната „Бела ноќ“.
Визуелните уметности, применетите уметности, музиката, филмот, јавната уметност, како и урбаните изведби и перформанси се областите кои ќе бидат опфатени и кои скопјани ќе можат да ги видат на “Белата ноќ“ во сабота, на 5-ти октомври.
Заинтересираните уметници апликацијата ќе можат да ја симнат од веб сајтот http://belanok.mk/ , а истата пополнета ќе можат да ја достават на адресата на ЈУ “Универзална сала“, Бул. Партизански одреди бр. 45, 1000 Скопје, со назнака “За Бела Ноќ“, или по електронски пат, на info@univerzalna.com.mk.
По завршувањето на повикот, учесниците ќе бидат оценети врз основ на квалитетот на делото, иновацијата како и карактерот во опсег на предложениот концепт, а конечната селекција ќе биде извршена од страна на организаторот.