Детали за грозоморната забава во Струмица: Струмичанка го опила девојчето и го соблекла, а двајца малолетници ја силувале

by fokus

Дваесет и едногодишната струмичанка која заврши во притвор под сомнение им помогнала на двајца малолетници да силуваат тринаесетгодишно девојче, го поттикнало девојчето да се опие, ја соблекла во една од собите каде се славеча новогодишната забава и им помогнала на двајцата малолетници да ја силуваат.

Струмичкото обвинителство денеска излезе со детали за тоа што се случувало на новогодишната прослава во куќа на еден од малолетниците каде било силувано малолетното девојче за што е отврена истрага, има притвор за струмичанката и мерки за децата кои го силувале.

Малоелтниците имале по 16 години, а силуваното девојче 13 години.

-Осомничената најпрвин ја поттикнувала и ја довела во алкохолизирана состојба жртвата, ја соблекла во една од собите, овозможувајќи им на двајцата малолетници да го силуваат девојчето, кое за цело време давало отпор. По целиот настан, осомничената и ја облекла облеката на жртвата и почнала да ја удира со клоци и шамари во пределот на главата, велат од Обвинителството.

Судија на претгодна постапка и одреди притвор на струмичанката, а за двете деца во судир со законот ќе биде предложена мерка согласно член 115 од Законот за правда на децата – ставање под надзор од Центарот за социјални работи.

Струмичанката се гони за помагала при сторување кривично дело – Силување на дете кое не наполнило 15 години, а за малолетниците е поднесено Барање за поведување подготвителна постапка против две деца во судир со законот за кои постои основано сомнение дека извршиле дејствија кои со закон се определени како кривично дело – Силување на дете кое не наполнило 15 години.

Поврзани новости