Детали за бруталното убиство кое го згрози Балканот – цело семејство вклучено во ликвидацијата на Саша Кулишиќ

by Fokus

Окружниот суд во Добој им одреди едномесечен притвор на Андреа Кајганиќ и Дражен Лазаревиќ, осомничените за убиството на Саша Кулишиќ од Добој, сопругот на Андреа.

Тие се обвинети дека го зашеметиле Саша Кулишиќ со таблети со намера да го убијат заедно со малолетната ќерка на првоосомничената и жртвата, по претходен договор.

Во притвор е и четиринаесетгодишната ќерка, која е осомничена дека била дел од планот за мачење што го смислила нејзината мајка.

Кобниот ден, во утринските часови, малолетната ќерка тргнала да го реализира планот. Таа ставила таблети „треана“ во водата на нејзиниот татко, кои вообичаено се користат за шизофренија.

Истата течност ја употребила за да му направи лимонада со намера да го заспие и да го ликвидира. Не било првпат. Таблетите и ги набавила сестрата на осомничената А.К., сопругата на Саша, јавува АТВ на Бања Лука.

Откако Саша заспал, ќерката ги известила мајка си и нејзиниот 19-годишен љубовник и им ја оставила вратата отклучена. Набрзо пристигнале, а и било кажано да влезе во дневната соба и да ја затвори вратата.

Потоа главата на Саша била залепена со селотејп, а нозете и рацете и биле врзани со јаже. Уште тогаш му задале неколку удари од кои почнал да крвари.

Го извадиле од дома и го однеле во шумата. Го прободеле трипати во стомакот. Го оставиле во шумата да искрвари до смрт. Кобните удари ги задала неговата сопруга Андреа.
Мислеле дека сè имаат испланирано до последен детал, но полицијата во Добој брзо ги разоткрила.

Јасно е дека делото било планирано денови однапред, велат од полицијата.

А.К и Д.Л изнајмиле автомобил и стан на еден ден во Бања Лука. Таму и го оставиле автомобилот, а со изнајмено возило се вратиле во Добој. По пристигнувањето во Добој изнајмиле друго возило. Откако го спровеле својот монструозен план во дело, тие се вратиле во Бања Лука.

По крвавиот пир А.К. останала во Бања Лука, а нејзиниот деветнаесетгодишен љубовник се вратил во Добој. Таму бил уапсен околу 19 часот. Таа е уапсена само еден час подоцна во изнајмен стан во Бања Лука. Дека апсењето не и било на памет, укажува и информацијата дека неколку часа претходно седела и пиела кафе во блиското кафуле.

– Утврдено е дека сопругата на покојниот С.К. лоцирана на подрачјето на Бања Лука, каде со помош на криминалистичката полиција и припадници на ПП Бања Лука е уапсена, а потоа однесена во ПП Добој – изјавил Слободан Радинковиќ, началник на ПУ Добој.

Полицијата брзо открила се бидејќи имала сознанија дека осомничените биле видени како се гушкаат заедно, но и дека во изнајменото возило бил забележан Д.Л.

Кумот на осомничениот ја известил полицијата дека нешто не е во ред. Во куќата на Саша К. пронашле траги од крв. Најпрвин мислеле дека се работи за семејно насилство, но набрзо во добојската полиција пристигнала пријава дека е пронајдено тело, а подоцна било утврдено дека се работи за Саша Кулишиќ.

Поврзани новости